ВИДЕО: МВР во ноќна контрола на клубови во Тетово

Од:

Во раните утрински часови, по добиени сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи, МВР, УЈП и пазарната инспекција реализираа контроли во Тетово, Велес, Битола и уште неколку градови.

Во Тетово биле проверени 31 објект, од кои на 19 објекти им се изречени мерки забрана за вршење дејност од 15 до 30 дена поради неиздавање фискални сметки. Приведени се 26 лица, од кои 16 македонски државјани поради поседување дрога, а 10 државјанки на Србија поради нерегулиран престој во земјава и против сите ќе бидат поднесени пријави.

Контролирано е и работењето на Агенциите за обезбедување и биле констатирани прекршоци во тој дел. Контролирани се објекти и во Битола каде не се констатирани поголеми недостатоци.

Во Велес, Кавадарци, Неготино МВР констатирала кај 29 возачи дека управуваат со возилата под дејство на алкохол. Полицијата најави исти контроли во следниот период.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство