Компанијата Хаблот создаде часовник наменет за голфери, имајќи предвид дека голфот важи за еден од најпрецизните спортови во светот.
„Биг Бенг Јунико Голф“ часовникот со својот специфичен изглед, е вистинско олицетворение на посветеноста на компанијата. Се одликува со совршен тајминг, контрола и прецизност. Голферските модели воглавно се дигитални, но новиот уред е механички напреден, екстремно функционален и има совршен современ изглед.
Клик ремчето пак е од бела кожа зашиена врз гума и текстил и има леплива лента.