СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што институциите работат во служба на законите, а не во служба на Груевски

Од:

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што државните институции повеќе не работат за интересите на Никола Груевски и неговите соработници, туку во служба на законите и граѓаните.

Злоупотребата на институциите за партиски цели, нивната селективност во работењето и привилегираноста на одредени фирми и поединци беа одлика на 11 годинишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време на селективност и притисоци врз приватниот сектор заврши со заминувањето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, сите државни институции вклучително и Управата за јавни приходи работат професионално, неселективно, професионални и независно, во интерес на граѓаните и во служба на законите.

Времето на привилегираните и непочитувањето на законите на штета на граѓаните и фирмите заврши, Македонија станува правна држава во која законите важат за сите подеднакво“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот