На маргините на самитот на ЕУ во Гетеборг, шпанскиот премиер, Маријано Рахој најави дека ќе ја почитува секоја одлука на белгискиот суд во врска со барањето на Шпанија за екстрадиција на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон.
Тој кажа дека почитувањето на независноста на правосудството и прифаќањето на судските одлуки е оснновен принцип на ЕУ.
– Од мене нема да слушнете, без оглед на тоа што и да се случи, ништо освен почитување на одлуките на правосудните институции во случај на екстрадиција, рече Рахој.