Во напад со автомобил-бомба во сирискиот град Деир ез Зур денеска загинаа над 20 лица, а триесетина се повредени.
Нападот бил извршен од припадници на екстремистичката организација Исламска држава, а се случил на локација каде што се сместени внатрешно раселените лица, што е под контрола на сириските владини сили.
Според Сириската опсерваторија на човекови права, загинале 26 лица, меѓу кои и 12 деца.