Елиот ќе ја издржува казната за семејно насилство

Од:

Ранинг бекот Езекиел Елиот го загуби судскиот спор со НФЛ, откако играчот на Далас објави дека ќе го запре процесот на жалба и ќе ја издржи казната од шест натпревари изречена за семејно насилство.

-По консултации со Унијата на играчи и правници, Елиот одлучи да ја повлече својата жалба и да го издржи остатокот од санкцијата, во интерес на неговите соиграчи, неговото семејство и неговите пријатели. Тоа не значи признание на вина од страна на Елиот, кој е задоволен што долгата правна битка покажа како НФЛ манипулира со случаи како негови, се вели во пораката од застапниците на Елиот, Роки Арсено и Френк Салсано.

Елиот веќе има „одлежено“ еден натпревар и му остануваат уште пет по што ќе се врати во тимот.

Неговиот клуб Далас со биланс 5-4 (победи-порази) е втор во Источната конференција.

Елиот е вториот играч кој ќе биде казнет од комесарот Гебел, иако обвиненијата против него од страна на обвинителството не се подигнати. Во слична ситуација во 2013, Олдин Смит од Сан Франциско беше казнет со осум натпревари.

Елиот беше обвинет од неговата девојка Тифани Томпсон дека минатата година физички ја злоставувал, иако против него не се поднесени кривични пријави. НФЛ со сопствена истрага дошла до докази дека е виновен и му изрече суспензија.

Би можело да ве интересира

Том Брејди потврди дека се повлекува по 22 години и 7 титули

А1он

ВИДЕО: Вечниот Том Брејди го освои „Супербоул“ и со Тампа Беј

Катерина Ѓуровски

Израмнет рекорд стар 91 година во НФЛ лигата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Невидена тепачка во НФЛ, двата тима се обидуваа да ги разделат Вимс и Гарднер-Џонсон

Жарко Настоски

Прв случај на КОВИД-19 во НФЛ

Ана Ололовска

Кејн: Сакам да играм во НФЛ

Ана Ололовска