ВИДЕО: Идентификуван убиецот на фудбалерот Јанушев, МВР распиша потерница

Од:

Две недели по убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, полицијата го откри идентитетот на убиецот.

Според извори од истрагата, станува збор за Филип Секуловски, осуденик кој издржувал шестгодишна казна затвор за трговија со дрога.

Во времето кога се случило убиството тој користел слободен викенд надвор од затворот.

Секуловски е во бегство и по него ќе биде распишана потерница.

– Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, додаде Спасовски.

Министерот рече дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

28-годишниот Мартин беше застрелан на 3-ти ноември, околу 18 часот пред влезот на зградата во која живеел, во населбата Аеродром.

Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите „Маџари Солидарност“ и „11 Октомври“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР