Прослава за 145 години постоење на S.T. Dupont во Француската резиденција во Скопје

Од:

Францускиот бренд за луксузни производи S.T. Dupont го прослави 145-от роденден и ги промовираше новите луксузни колекции на настанот кој се одржа во Резиденцијата на францускиот амбасадор во Скопје.

На забавата се обратија г-ѓа Олга Пастернак, извршниот директор на S.T. Dupont за Источна Европа, како и неговата екселенција, г-динот Кристијан Тимоние – францускиот амбасадор во Р.Македонија.

S.T. Dupont е реномиран француски бренд и производител на запалки, колекционерски пенкала, чанти, прибори и додатоци за уживатели на пури и други луксузни производи. Компанијата произведува префинети и уникатни предмети од своето основање во 1872-та година.

Основач на компанијата е Симон Тисот–Дупонт, по чие име и иницијали е добиено името на компанијата. Првите сериски произведени запалки се создадени во 1941 година, кои биле направени од алуминиум. Од 1958 до 1963 година, сите запалки се доработени со 18 каратно злато.

На прославата беше претставена првата луксузна запалка во производство на S.T. Dupont, историски примероци на куфери за патување, најсофистицирани колекции на скулптури со вградени запалки и пенкала, како и лимитирана серија на луксузни производи.

S.T. Dupont 145 години рачно изработува исклучителни подароци за исклучителни луѓе. Неизмерно се горди секој пат кога една од нивните креации ќе стане дел од нечија семејна приказна.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска