Донеска разрешила докторка за да си го унапреди сопругот

Од:

Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид, Гордана Донеска, ја разрешила докторката Весна Фортоманова-Милеска за да го унапреди својот сопруг докторот Стефан Донески. Иако директорката тврдеше дека докторката Фортоманова-Милеска била разрешена бидејќи одела на супспецијализација, досегашната пракса покажува дека докторката и покрај супспецијализацијата, можела да ги извршува нејзините работни обврски.

„Од медиумите дознав зошто сум разрешена. Во образложението што го добив од службеник пишуваше дека има право да ме разреши. Моментно не сум распределена на ниеден оддел“, вели докторката Фортоманова-Милеска.

Докторката Весна Фортоманова-Милеска била разрешена пред три недели, а истовремено за раководител на секторот директорката го поставила својот сопруг. Директорката користи разни аршини кога во прашање се прераспределбите и разрешувањата. Докторката е на супспецијализација веќе девет месеци, а разрешувањето од функцијата било пред три недели, со што во јавноста се отвора дилема зошто докторката е разрешена токму сега.

Според информациите што ги имаме, Фортоманова-Милевска била член на Управниот одбор во болницата, каде што била едногласно избрана за пред еден месец да даде оставка од функцијата. Таа го потврди ова, но не сакаше да ги коментира причините. Според она што го кажуваат вработените во болницата, причината за оставката е тоа што директорката Донеска ѝ вршела мобинг.

Докторката Весна Фортоманова-Милеска, која е магистар по кардиологија и доктор што има 17 години работно искуство во болницата, е една од ретките што нема ниту според хиерархијата најдолно раководно место и е целосно дисфалификувана. Истовремено, сопругот на директорката и доктор Стефан Доневски ја доби втората највисока функција во болницата.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ