Најголемата опозициска партија во Камбоџа, Камбоџанска партија за национален спас беше распуштена од страна на Врховниот суд, што е удар за партијата да се спротивстави на премиерот Хун Сен.
– Врховниот суд одлучи да ја распушти Камбоџанската партија за национален спас и да им забрани на 118 лица пет години да се занимаваат со политичка дејност, сметано од денот на објавување на одлуката, соопшти судот.
Партијата е обвинета за заговор за уривање на владата и уставниот поредок, што партијата демантираше.
Критичарите на власта обвинуваат дека оваа одлука е кулминација на политичкиот притисок врз неистомислениците на власта и обид за уништување на опозицијата пред изборите следната година.
Хун Сен е на власт во Камбоџа повеќе од 30 години.