ВИДЕО: Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Од:

На вчерашната седницата Владата донесе неколку одлуки кои се од исклучително значење за секторот земјоделство, односно во интерес на земјоделците.

Владата донесе одлука за исплата на дополнителна субвенција од два денари за килограм предадено грозје од реколтата 2017 во македонски регистрирани винарски визби и остварено производство на грозје за сопствените потреби на визбите.

За оваа дополнителна субвенција барањата ќе може лозарите да ги поднесуваат до 25 декември.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција од 18.000 по хектар засеана површина со ориз. Барањата за оваа субвенција се веќе поднесени и е во тек нивната обработка од страна на Платежната агенција.

Владата донесе одлука за исплата на обештетувањата на сточарите кои претрпеа штети од загуба на животни поради болеста чвореста кожа. Износот за исплата е над 15 милиони денари, за 242 сточари. Исплатата ќе започне веднаш откако Платежната агенција ќе ги подготви решенијата, односно крајот на овој месец и почетокот на следниот месец. Обештетувањето ќе иде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животни.

Преку измени на Програмата за рурален развој, Владата ја усвои Програмата за изменување на Програмата за рурален развој, со што се обезбедија средства за комплетна исплата на неповратни 10.000 евра за мерката млад земјоделц, за они кои аплицираа и ги исполнија условите. Оваа мерка е значајна за модернизирање на земјоделството, за руралниот развој како и за спречување на миграцијата село-град.

Исто така со измените се обезбедија дополнителни 58 милиони денари за подобрување на квалитетот на живот средини и рурална инфраструктура.

Со цел обезбедување на стручни советодавни услуги за земјоделците, Владата ја усвои Програма за капитални трансфери за невладини организации во областа на земјоделството и рурален развој, која што е во склоп на Програмата за рурален развој на МЗШВ, со која се обезбедуваат 30 милиони денари за апликативни проекти за поддршка во процесот на земјоделското производство, подобрување на човечките ресурси во и пренос на знаење за подобро искористеност на програмите од областа на земјоделството и руралниот развој. На овој начин ќе се подобрат советодавните услуги за земјоделците, особено во делот за аплицирање и користење на мерките за директна поддршка во земјоделството, како и за парите од ИПАРД Програмата.

Во делот на рибарството Владата донесе одлука за продолжување на рокот за достава на барање за финансиска поддршка на апликативни проекти кои ќе овозможат развој на нови пазари и промотивни кампањи. Дополнителниот рок е во периодот од 01.12 до 10.12.2017, а исплатата ќе биде до 25.12.2017. Со оваа измена се овозможува реализација на 1,5 милиони денари во областа на рибарството и аквакултура.

Реализацијата на мерката за т.н евтина зелена нафта ќе се спроведе преку измени на Законот за земјоделство и рурален развој. Во Владата има консензус за носење на оваа мерка, која што е ветена и во Програмата на Владата. Во буџетот на МЗШВ има пари за реализација на поддршката за набавка на гориво за земјоделска механизација и Владата ќе ја реализира оваа мерка следната 2018 година. Сега во завршна фаза се анализите за трошоците за секоја земјоделска култура, затоа што истите се разликуват од едно до друго земјоделско стопанство, а исто така се разработуваат и модаталитетите за имплементација на истата. Оваа мерка е значајна за земјоделците, затоа што ќе придонесе за намалување на трошоците во земјоделското производство.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади