Џолев: Не му се реванширам на Панчевски со распределбата во прекршоци

Од:

Новоименуваниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, во изјава за „Макфакс“ вели дека распоредувањето на експретседателот на судот, Владимир Панчевски во Одделот за прекршоци не е реваншизам.

Една од причините е Панчевски да се тргне од предметите на СЈО, бидејќи во серија јавни настапи истапувал против Обвинителството на Катица Јанева, а постапките на ова обвинителство се во тек.

Втората причина, како што вели Џолев, е дека дел од судиите кои што беа делегирани да судат во кривичниот суд во Одделот за прекршоци од други судови, си заминале во своите матични судови и останале повеќе од 3.000 прекршочни предмети по кои што треба да се постапува и според новиот претеседател на Судот, постои опасност дека може да застарат.

„Одлуката апсолутно не е реваншизам. Едноставно условите во Судот се сменети. Недостасуваат многу судии во Одделот за прекршоци, но одлуката е и поради пристрасноста на Панчевски, која сметам дека е пречка, доколку биде оставен во Одделението каде што бил распореден“, вели Џолев.

Сепак, одлуката не е правосилна. Судијата Панчевски има право на жалба во рок од 3 дена до Врховниот суд.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски