Стоилов: Рајн Некар е ТОП екипа

Од:

Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар на денешната прес-конференција во пресрет на саботниот дуел со Рајн Некар упати пофални зборови кон германскиот тим.

– Играме со Рајн Некар, екипа која претходната сезона ни приреди непријатен пораз тука, дома, откако ние ги победивме на нивни терен. Екипа која игра во топ форма, имаат топ играчи и како што кажа Раул форсираат тактика „7 на 6“. Ние сакаме да победиме на секој натпревар, посебно дома. Се надевам на полна сала и поддршка од нашите навивачи, рече Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан за в сабота (18 ноември) во 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански”.

ЕХФ овој дуел го прогласи за меч на неделата.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ