(ВИДЕО) Нанев: АКМИСОТ во Апелациониот суд е ОК

Од:

Судијата Лазар Нанев, кој е претседател на работната група при Министерството за правда за проверка на системите за распределба на предметите во судовите, пред одржувањето на денешната работилница организирана од Здружението на судии и Американската амбасада во Скопје, изјави дека проверката на АКМИС системот покажала дека во Апелациониот суд водењето на уписниците е направено релативно квалитетно.

За разлика од Кривичниот суд, како што рече Нанев, во Апелација постапуваат судии-тројки и станува збор за значително помал внес на електронски податоци.

Нанев рече дека очекува деновиве да го посетат и Врховниот суд и да направат увид и таму, за наредната недела да излезат со конечен извештај за евентуални злоупотреби на АКМИС системот во сите три судови кои беа предмет на проверка.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски