ВМРО-ДПМНЕ: Ниту СДС ниту нивните градоначалници имаат конкретен план за прочистување на загадениот воздух

Од:

„Последиците од загадениот воздух се повеќе се чувствуваат. Штетните ПМ честички ги напаѓаат дишните патишта и влијаат на порастот на пациенти кои имаат респираторни заболувања. Секојдневно болниците во Република Македонија се полнат, а власта предводена од СДС мува не ја лази.

Се што ветија градоначалниците на СДС во текот на изборната кампања е лага. Наместо да се справат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.

Ниту СДС ниту нивните градоначалници имаат конкретен план за прочистување на загадениот воздух поради кој секој ден се губат човечки животи.

Згора на сето тоа СДС без тронка срам го укина и Ден на дрвото. Преку токму оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, загадено е низ цела Македонија.

Време е власта и нивните градоначалници да ги засукаат ракавите и да превземат реални мерки со кои ќе се намали екстремната загаденост на воздухот и ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му