Од 6 до 9 јануари се одржува еден од најпознатите саеми на технологија на кој свои презентации ќе одржат најголемите производители како Samsung, Sony, LG, Nvidia, Qualcomm, ZTE, Huawei, како и најголемите американски мобилни оператори.
Настанот ќе се одржи во градот на гревот Лас Вегас.
Од сите компании најголеми очекувања имаше во Samsung и шпекулацијата дека ќе биде презентиран наследникот на Galaxy S III, но тоа беше демантирано. Сепак од корејците се очекува да имаат големи новитети во областа на екраните. Од Sony се очекува презентација на долго озборуваниот Sony Xperia Yuga или Odin, кој ќе биде новиот знаменосец на јапонците.
Свој момент на слава ќе имаат и кинеските компании ZTE и Huawei од кои се очекуваат смартфони со големина на екранот од 5 инчи и Full HD резолуција, како и „монструмот“ Huawei Ascend Mate со големина на екранот од 6.1 инч.