Карпош започна со расчистување на мини депонии

Од:

Од денеска, општина Карпош стартуваше со расчистување на т.н мини депонии низ општината, каде што несовесни граѓани често пати фрлаа отпад. Станува збор за околу пет до шест локации, кои ќе бидат целосно исчистени и заштитени со ограда од заштитна мрежа. Покрај тоа што оваа ограда ќе влијае на визуелниот впечаток, исто така ќе спречи натамошно фрлање на отпад, смет и градежен материјал.

Прва за расчистување беше локацијата на ул. Софиска во населбата Тафталиџе 2, на местото на кое се наоѓа руинираниот објект на поранешна „Славија“. Во наредните денови работниците за одржување на јавната хигиена кои ги ангажира општина Карпош ќе продолжат расчистувањето и на другите локации, а заштитата од создавање на вакви мини депонии ќе биде дел од редовната практика на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи