Законот за јазици не му пречи на македонскиот јазик, на неговиот статут и корпус, како и на Законот за македонски јазик кој оди како посебен јазик.
Ова денеска го изјави универзитетскиот професор Људмил Спасов, по отворањето на Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ што се одржува во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
– Македонскиот е јазик на оваа држава и како таков ќе остане, и ми се чини дека никој не помислил, ни другите што не им е мајчин јазик, да го негираат. Напротив, со една политика на атракција на приближување секој народ или секој човек ќе се најде себе си во оваа држава, вклучително, ќе се придвижи, ќе го усвојува и ќе го употребува македонскиот јазик, рече Спасов.