ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со половина копирани проекти не може да го исчисти загадениот воздух

Од:

„Петре Шилегов бесрамно продолжува да се фали со проекти на Коце Трајановски. Денес објавија трет повик на Град Скопје за субвенционирање на печки за греење со пелети, кој беше планиран во годишниот план донесен во време на Трајановски. Шилегов затскрива дека ова е трет по ред повик, а претходно беа објавени уште два други во март оваа година и во октомври минатата година.

Разликата е што и за ова ги скратија парите. Ако во март за време на управувањето со град Скопје на Коце Трајановски беа обезбедени 7 милиони денари за субвенции, денес Шилегов се фали со повеќе од дупло помалку пари, или само 3 милиони денари. Со четириесетина илјади евра не може да се прочисти загадениот воздух во Скопје.

Лага е обидот да се престави дека само со оваа мерка ќе го прочистеле воздухот. Тоа не е точно и преставува обид да се избега од одговорноста и креираните лажни надежи дека ќе го прочистеле воздухот.

Ниту СДС ниту Шилегов имаат конкретен план за прочистување на загадениот воздух поради кој секој ден се губат човечки животи. Ќе потсетиме на 24-ти октомври 2016-та година потпретседателот на СДС, Дамјан Манчевски на прес конференција од Средно Водно излажа дека имале план, цитирам -„Имаме план и точни предлог мерки“.

Една година потоа гледаме дека Шилегов допрва вели дека ќе правеле план, а СДС не превзема ниту една мерка за загадувањето, воздухот не е почист, туку секој ден се повеќе загаден. Шилегов со половина копирани проекти не може да го исчисти загадениот воздух, а сосема е јасно дека СДС нема никаков план или стратегија за чист воздух“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на град Скопје, за субвенции на печки на пелети.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче