А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Велес се соочија со еколошка бомба

by А1он15/11/2017 - 09:5015/11/2017 - 10:53201
Share0

„Граѓаните на Велес синоќа се соочија со еколошка бомба. Мерните станици во градот покажаа опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички.

Добивај вести на вибер

Слична беше ситуацијата и во други делови од државата.

Последиците од загадениот воздух секој ден се повеќе ги чувствуваме. Секој ден болниците низ Република Македонија се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните се оставени сами на себе и единствениот спас да се заштитат од загадениот воздух е да се затворат во своите домови.

Наместо владата на СДС која веќе 6 месеци е на власт да преземе чекори кон подобрување на квалитетот на воздухот, тие ги укинуваат и корисните мерки кои ги воведе претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а беа во насока за подобрување на животната средина и квалитетот на воздухот. СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.

Наместо градоначалниците да ги спроведат мерките со кои се фалеа за време на локалните избори тие тргнаа со контра мерки. Градоначалниците Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот, намалувајќи ја зелената површина.

Додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, владата на СДС мува не ги лази.

Во преден план на владата на СДС е нивното луксузирање отколку здравјето на граѓаните на Република Македонија. Владата на СДС и градоначалниците мора да сносат одговорност заради фактот што не превземаат ништо околу намалување на екстремната загаденост на воздухот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnezagaduvanje

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто