Додека се трошат милијарди долари на откривање далечни галаксии, планетата Земја и натаму е дом на тажни реалности што може да се решат со многу помалку пари, а една од нив е и фактот дека над 152 милиони деца се жртви на детскиот труд, соопшти Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).
Според оваа агенција на ОН, дури 67,5 отсто од тие 152 милиони деца се злоупотребуваат како евтина или бесплатна работна сила, при што тој процент е најголем во секторот земјоделство.
Дури 60 отсто од децата на возраст од пет до 17 години се принудени да се занимаваат со земјоделство, рибарство, шумарство или сточарство, наведува ФАО.