Поповски-Дезир: Поздравени се определбите за објективни и професионални медиуми во Македонија

Од:

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија, Роберт Поповски денеска се сретна со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, придружуван од делегација на ОБСЕ.
На состанокот е поздравена отвореноста на Владата за носење на новиот Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги низ широка отворена експертска дебата со почитување на мислењата и препораките на ОБСЕ и на ЕК во делот на слободата на медиумите.

– Медиумите и новинарите имаат силна поддршка од новата Влада, којашто е цврсто определена кон слободата на изразување, професионално и објективно работење на медиумите и новинарите, без никакво политички влијание или притисоци, или насилство од какови било вид, како што беше тоа случај во претходните години. Посветени сме кон создавање услови за целосна независност и професионализација на јавниот сервис, МРТВ, како и целосна независност и ослободување од какви било можности за влијанија врз регулаторот, Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, рече министерот Поповски.

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски објасни дека за сите случаи за напади врз новинари се води соодветна истрага и дека заложба на МВР и на Владата е тие да се расчистат до крај.
На средбата се разговараше и за новиот предлог Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Министерот Поповски соопшти дека Законот е направен по повеќе дебати со медиумската заедница и експертската јавност во земјава и дека е поставен на Веб страницата на Владата, каде што е ставен 20 денови на увид на широката јавност.

– Ќе имаме уште еден состанок со претставниците од медиумската заедница дотогаш, за да ги слушнеме уште еднаш забелешките, доколку има нови, а сериозно ги разгледуваме и насоките на ОБСЕ, коишто се исто така транспарентно поставени на Веб страницата на Владата. По тоа, ќе излеземе со финален предлог текст до Владата за новиот Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, рече министерот Поповски.

Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Дезир и делегацијата на ОБСЕ изразија поддршка на заложбите на министерот Роберт Поповски, коишто се определба и на премиерот Зоран Заев и на новата Влада, за отворената, транспарентна и отчетна работа и носење на законите, низ широка јавна дебата.

Обезбедувањето независни, професионални медиуми и регулаторни тела е дел од демократизацијата на општеството и Република Македонија е на добар пат во обезбедувањето перспективи за медиумите, своите граѓани и државата, констатирано е на средбата на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места