Некои мислат дека Србија не е доволно прегазена и понижена и дека само прегазена и понижена е добра, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со ставот на Бекир Изетбеговиќ за признавање на Косово.
Тој оцени дека таа изјава ќе има далекусежни политички и правни последици.
-Тоа интервју комплицира многу работи во овој регион, рече Вучиќ, а за релативизирањето на тежината на изјавата на Изетбеговиќ, возврати дека, ако тој кажел дека треба да се признае независноста на Република Српска, ќе завршел во Хаг.