Родриго Дутерте, претседателот на Филипините на Самитот на АЕСАН во Манила ја запеа песната „Ти“, како што рече „по наредба“ на претседателот на САД, Доналд Трамп.
– Дами и господа, ненајавено запеав во дует со г-ѓа Пилита Коралес, по наредба на врховниот командант на САД, рече Дутерте по „изведбата”.
Дутерте пееше во дует со локалната поп дива Пилита Коралес.