Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со неговиот грчки колега Никос Коѕијас на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Брисел.
Двајцата министри разговарале за комуникациските модалитети, како и комуникациските механизми во рамки на ЕУ.
– Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските механизми во ЕУ, при што потенцирав дека мораме да имаме исправна политика за да имаме исправна комуникација, рече Коѕијас по средбата.
Тој потенцирал дека Европа има потреба од политиките засновани на вредности, демократија, на социјална прашања, како и на визијата за поинакво општество.