Благодарница за Богоев за поддршката за старите лица

Од:

Директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ – Скопје, Салија Љатиф, на денешната прослава по повод 59. патронат на Јавната здравствена установа, свечено му врачи благодарница на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. Првиот човек на Општината го доби ова признание за хуманата поддршка, која локалната самоуправа континуирано ја обезбедува за своите сограѓани од „трето доба“, кои живеат во Домот за стари и изнемоштени лица „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани.

Ние како општина, постојано се грижиме за нашите постари сограѓани кои живеат во здравствената установа која се наоѓа на наша територија. Во оваа пригода би сакал да ја најавам изградбата на новиот рекреативен центар за пензионери и на пензионерски дом. Со изградба на нов дом за нега во населбата Злокуќани, сакаме да обезбедиме соодветна грижа и достоинствен живот за пензионерите кои живеат во oпштина Карпош – истакна Богоев.

Градоначалникот на Карпош објасни дека објектот ќе биде облагороден со зеленило и паркови за рекреација, кој ќе нуди богати содржини за поттикнување на подобар социјален живот за старите лица.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира