Прилепчанец починал откако изгубил контрола врз возилото, срушил ѕид и во двор од куќа удрил во паркирано возило

Од:

Вчера на улицата Александар Македонски во Прилеп, И.В. (28) управувајќи возило „Хонда Цивик“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола по што удрил во бетонски ѕид, го срушил ѕидот и влегол во двор на куќа каде што удрил во паркирано возило.

Возачот И.В. починал на лице место, а смртта била констатирана од екипа на итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски