Живка Ангелоска нов претседател на Советот на општина Охрид

Од:

На денешната седница на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска беше избрана за претседател.

Живка Ангелоска, како што беше наведено во предлогот за избор, е родена во 1979 година, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има положено и правосуден испит. Работела како раководител на секторот на општи и заеднички работи во ЈП „Охридски комуналец“, била директор на ЈП „Градски пазар“, а сега е раководител на секторот за општи и правни работи во хотелот „Гранит“ .

Советниците на втората седница од новиот состав ги прифатија решенијата за формирање на Статутарно-правна комисија, како и комисии за финансии и буџет, за јавни и комунални дејности, за урбанизам, за општествени дејности, за туризам и локален економски развој, за заштита на животната средина, за млади и спорт, за месна самоуправа, за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и за еднакви можности меѓу мажите и жените, а беа прифатени и предложените одлуки за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година и за буџетскиот календар за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум