Најглупавиот Фејсбук статус во 2013 година

Од:

18-годишен Американец на Фејсбук објавил статус кој за многу луѓе станал најглупавиот статус во 2013 година.

Зошто? Затоа што поради тој статус Џејкоб завршил во затвор.

Џејкоб Браун во првите часови од новата година на Фејсбук напишал: „Да возиш пијан… класика ;) чие и да беше возилото кое го удрив, жал ми е. :P”

Оваа порака ја виделе повеќе од 650 од неговите пријатели на друштвената мрежа a еден од нив веднаш ја известил полицијата по пат на приватна порака која ја испратил на еден полицаец на Фејсбук.

Со оглед на тоа што полицајците тогаш веќе истражувале друга сообраќајна несреќа во која непознат автомобил удрил два други автомобил и возачот побегнал од местото на несреќата, претпоставиле дека возачот бил 18 годишниот Џејкоб. Тие го посетиле во неговата куќа кадешто наишле на автомобилот кој бил оштетен, а доказите кои ги пронашле укажале на тоа дека возачот бил Џејкоб кој веднаш бил уапсен.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он