На одделението за инфективни болести во северниот дел на Косовска Митровица до денес се пријавени 80 пациенти со симптоми на мали сипаници, а на лечење се задржани шест.
Во болница се задржани пет деца на возраст од три до пет години, кои што не биле вакцинирани против морбили, како и едно лице вработено во болницата, но засега епидемиолошката ситуација сепак е под контрола.
Медицински екипи се на терен од 23 октомври, кога е евидентиран првиот случај на мали сипаници, а лекарите се задоволни од бројот на вакцинирани и ревакцинирани деца.