Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека имал добар дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп и го опиша како цивилизиран, образован и лесен за соработка.
Тие двајца имале краток разговор на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Виетнам.
Путин објаснил дека не се одржала билатерална средба поради густите агенди на двете страни и поради проблеми со протоколот, но кажа дека се уште постои потреба за контакти меѓу САД и Русија за да се разговара за безбедноста и економскиот развој.