Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека има добри односи со рускиот лидер Владимир Путин и дека тој бил навреден од обвинувањата за мешање во американските избори.
Трамп изјави дека Путин му кажал дека не се мешале во изборите во САД минатата година.
Денеска на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Виетнам, двајцата лидери кратко разговарале и ја потврдиле решеноста за борба против Исламска држава.
– Брзо се договоривме. Тоа ќе спаси многу животи, рече Трамп.