Осум лица се повредени и две куќи се разурнати во три напади во Јемен изведени од коалицијата предводена од Саудиска Арабија во кои што мета беше јеменското министерство за одбрана.
Нападите биле извршени во регион под контрола на шиитските бунтовници Хути.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во конфликтот во Јемен се вмеша во 2015 година, а со последните напади се зголемуваат тензиите на Блискиот исток помеѓу двете регионални сили, Саудиска Арабија и Иран.