Се уште се разгледува можноста за средба помеѓу рускиот и американскиот претседател за време на Азиско-пацифичкиот самит за економска соработка кој што се одржува во Виетнам.
Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој не можеше конкретно да одговори дали ќе се одржи состанок помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.
Од Белата куќа претходно известија дека нема да има состанок помеѓу Путин и Трамп.