Жител на село Жеровјане измислил дека е киднапиран и барал пари за откуп

Од:

Лицето А.А. од тетовско Жеровјане измислил грабнување и од барал пари за откуп од неговиот зет.

Завчера во Полициска станица Жеровјане беше пријавено „исчезнувањето“ на А.А. По ова, на телефонот на зетот на А.А., Н.Б. (33) од село Боговиње, тетовско, му пристигнале СМС пораки дека „исчезнатиот“ со неговото возило всушност бил задржан од непознати лица и дека наводно ќе бил пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари. Н.Б. вчера во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.

Од страна Секторот за внатрешни работи Тетово, по примената пријава, биле превземени повеќе конкретни мерки и активности и денеска А.А. бил пронајден во Гостивар.

Во разговорот со него утврдено е дека тој целосно го измислил случајот со грабнувањето заради тоа што бил соочен со повеќе финансиски проблеми. По комплетното расветлување на сите поединости, а во консултација и координација со јавен обвинител, СВР Тетово против А.А. ќе поднесе соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година