Без разлика дали во понеделник ќе се добие подобрена понуда од Енекод или ќе се отвори било каква постапка во Фени таа ќе заврши со активно реструктуирање на компанијата и со понатмошна нејзина деловна активност за најдоцна 1,5 до два месеца.
Ова денеска во Владата го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
– Се очекува до понеделник Енекод да даде подобрена понуда кон банките, но и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, рече Анѓушев и додаде дека е сигурен дека Фени ќе заврши со рестартирање.