Демократски сојуз: Да се забрзаат судските реформи

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат како битен предуслов за воспоставување на нов систем на вредности и владеење на правото.

Во оваа насока предлагаме:

-Да се редефинира улогата на Републичкиот судски совет, зголеми неговата самостојност, но и да се конкретизира одговорноста на советот во целина и на членовите доколку вршат влијание и директно се мешаат во одлуките на судиите.

– Да се укинат Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните,Законот за Советот за утврдување на факти за одговорност на судиите, Законот за лустрација и направат измени на Законот за заштитени сведоци (да се предвиде можност за отворање на досиеја на заштитените- лажни сведоци).

-Да се донесе Закон за преиспитување (повторување) на суските одлуки кои се засновани на користење на заштитен сведок , прислушкувани разговори или во постапката било прекршено начелото на презумција на невиност со јавно апсење и сл.

На овој начин ќе им се даде можност на фер судење на голем број граѓани кои беа предмет на кривичен прогон во фабрикувани случаи.

Поради блокадите за формирање на Влада, како и локалните избори (траат близу четири месеци), реформите бавно се реализираат,затоа е неопходно истите да се забрзаат и во грдењето на законските решенија да се вклучат најкреативните и стручни кадри“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски