Кошаркарите на Анадолу Ефес, конечно во шестиот натпревар се радуваа на првата победа во евролигата.
Екипата од Истанбул, забележа победа на гостувањето кај Барселона со 89-83 во рамките од 6. коло од Евролигата. Најефикасен во победничкиот тим беше Владимир Штимац со 22 поени, додека еден помалку (21) постигнаа Рики Ледо и Ерик Мекалум, додека кај Барселона најефикасен беше Кевин Серафин со 19.
Екипата на Милано во која настапува македонскиот репрезентативец Џордан Теодор на домашен терен беше убедливо совладана од Жалгирис со 62-94. Теодор имаше скромен учинок од 11 поени, две асистенции и еден скок.
Макаби му го нанесе и вториот пораз во низа на Реал Мадрид кој до пред две кола не знаеше за пораз. На гостувањето во Тел Авив, популарните „Кралеви“ беа совладани со 90-83.
ЦСКА Москва со победата над Валенсија 94-67 сега е осамена на врвот на табелата со 5 победи и 1 пораз.
Останатите четири средби од ова коло на програмата се денеска.