Кубанските власти наредија смена на главниот уредник на државниот весник „Гранма“ Пелаио Тери Куерво.
Според штурото соопштение, објавено на насловната страница на самиот весник, се наведува дека Куерво е сменет затоа што дозволил да се случат грешки во работата на весникот.
На негово место е именуван заменикот главен уредник Оскар Санчез Сера.
Во соопштението не е наведено какви точно „грешки“ направил Куерво.