Вечерва во кино „Милениум“ беше отворен 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“ во организација на Младинскиот културен центар.
Фестивалот се отвора со сатиричната комедија „Квадратот“ на шведскиот режисер Рубен Естлунд, кој што ја осови „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал.
Фестивалот го отворија градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директор на МКЦ; Златко Стевковски.
Во официјалната селекција за награди се тркаат осум филмови, а шест во програмата СинеБалкан, кои се избрани од селекторот Бернд Будер.
Во 11 фестивалски денови ќе бидат прикажани 135 филмови. Фестивалот официјално завршува на 19 ноември со соопштување на наградите од двете натпреварувачки програми, а од наредниот ден ќе продолжи со десетневен филмски маратон во Џебното кино на МКЦ.