Албанскиот премиер Сали Бериша побара од ресорните министри да започнат преговори со косовската Влада за организирање на заедничко фудбалско првенство, кое тој го нарече „меѓунационална лига“.
– Да започнеме со фудбалот. Седнете со косовскиот колеги и подгответе заедничка програма, истакна Бериша, обраќајќи му се на албанскиот министер за спорт.
Бериша побара и создавање на „единствен информациски простор“ со Косово, нагласувајќу дека сите медиуми од оваа земја треба да добијат лиценца за емитување во цела Албанија.