Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон наведе дека се уште не е донесена одлука дали претседателот на САД Доналд Трамп ќе оствари официјална средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамите на Самитот на Организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Виетнам во текот на оваа недела.
Тилерсон, кој го придружува Трамп при неговата азиска турнеја, изјави во Пекинг дека прашањето за евентуалната средба меѓу претставници на САД и на Русија ќе биде темелно разгледано.