Пожарот во Градежниот факултет е локализиран, нема повредени

Од:

Пожарот што утринава избувна во простории на Градежниот факултет нa булеварот Партизански Одреди во Скопје е локализиран. Пожарникарите сè уште се на терен и работат на негово целосно гасење.

Во пожарот нема повредени лица, а засега не се познати ниту причините за негово настанување.

Во гасење на пожарот учествуваа 12 противпожарни возила и 26 пожарникари.

Според првичните информации на Ѕвонко Томевски, командант на скопската протипожарна бригада опожарени се три простории на факултетот.

Би можело да ве интересира

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Три пожари се активни, 14 се изгаснати

Шестмина загинаа во пожар во куќа во покраината Хунан

Горан Наумовски