Фени Индустри АД има добар бизнис потенцијал, а отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум, со изнаоѓање на нов стратешки инвеститор и брз премин кон нормално функционирање, порачува привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски.
– Во финална фаза е изготовката на Извештајот за спроведена претходна постапка кој ќе биде поднесен до Основниот Суд Велес. Од направените анализи се препознава компанија која е западната во тешка финансиска состојба како резултат на слабо менаџирање и лоши деловни одлуки, изјави Анастасиевски.