Шекеринска на состанок на министрите за одбрана на членките на НАТО

Од:

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите – придонесувачи во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

– Министерката ќе учествува и на состанокот со земјите кои се дел од Регионалната команда Север, предводен од германската министерка за одбрана, Урсула вон дер Лејен. Во рамки на посетата, министерката ќе се сретне и со помошникот на генералниот секретар на НАТО за планирање и политика Хајнрих Браус и со помошникот на генералниот секретар за политички односи и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалес, соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

„Ајдинлик“: НАТО влегува во самитот во Анкара со сериозни поделби

Расмусен: НАТО се распаѓа

А1он

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине