Тешка година за американскиот претседател Барак Обама, нова војна на Блискиот Исток и хаос во Венецуела, се само дел од пророштвата на големиот мексикански претскажувач Антонио Васкес.
Пред новинарите 72-годишниот пророк ги претскажа најважните настани за претстојната година. Тој нагласи дека Мексико ќе стане рај за инвеститорите, и покрај тоа што уште луѓе ќе загинат во пресметките меѓу нарко-картелите.
Запрашан за Чавес, мексиканскиот пророк изјави дека тој ќе успее да положи заклетва за новиот претседателски мандат, но до април ќе биде мртов.
Васкес додаде дека авионската несреќа на 8 декември, во која загина пејачката Џени Ривеира, е причинета од експлозија на бомба.
Сепак во минатото Васкес направи и некои грешки во своите претскажувања. Тој прогнозираше дека Фидел Кастро ќе почине во 2008 година, дека Германија ќе го освои Мундијалот во 2006 година и дека Обама ќе ги загуби вторите претседателски избори против Мит Ромни. Но Васкес предвиде и дека на крајот на 2012 година нема да се случи апокалипса.