Претставници на турската агенција „ТИКА“ во посета на Општина Охрид

Од:

Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски оствари средба со Ајтекин Ајден, програмски координатор за Република Македонија на Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“.

На средбата која се одржа на иницијтива на родителите Ајнур Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти, беше разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на старата зграда од ОУ „Братство – Единство“ на улицата „7.Ноември“.

Од страна на градоначалникот беа презентирани сите документи кои беа побарани од страна на преставниците на „ТИКА“ кои понатаму ќе бидат презентирани на повисоко ниво во оваа агенција.

Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“ е дел од Претседателството на Владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја Канцеларија за програмска координација.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион