Земан ќе се бори за втор претседателски мандат

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан најави дека ќе се бори за втор мандат на претседателските избори планирани за јануари 2018 година.

Досега вкупно 11 кандидати се пријавија за учество на изборите, а рокот за поднесување кандидатури истекува денеска.

– Благодарам за поддршката со собраните 113.000 потписи од моите сограѓани, изјави Земан.

Според анкетите, Земан е фаворит на изборите, а меѓу посериозните противкандидати е поранешниот премиер Мирек Тополанек.

Чешка неодамна одржа парламентарни избори, на кои убедливо победи партијата на милијардерот и поранешен министер за финансии Андреј Бабиш, кој доби мандат да формира нова влада.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница