ВМРО-ДПМНЕ: Владата води лажна грижа за заштита на човековите права

Од:

„Владата на СДС и Зоран Заев води лажна грижа за заштита на човековите права. Доказ за тоа е одбивањето на парламентарното мнозинство на СДС да ја задолжи владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во Извештајот на Народниот правобранител. Овие мерки произлегуваат од препораките на Прибе кои владата се обврза да ги спроведе, а за владата на СДС сега тие треба да бидат игнорирани.

Забелешките се однесуваат на воспоставената пракса на долготрајност на управните постапки и пречекорување на законски предвидениот рок за одлучување, но и на подобрување на механизмите за заштита на констатирани повреди на човековите права.

Владата и Заев кои досега пред медиумите се прикажуваа за душегрижници за човековите права, сега не сакаат ниту да се дебатира за истото.

Ова е уште еден пример за незаинтересираноста на владата да разговара за унапредување на состојбите со човејковите права и нивниот гол и лажен популизам“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите