ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорниот Заев и СДС се уште не обезбедија учебници

Од:

„Негрижата и неодговорноста на владата на Заев и на СДС се гледа на секој чекор.

Последен е примерот со неспособноста на владата да обезбеди со месеци 40.000 учебници за основните училишта низ целата држава. Ова е на директна штета на децата, нивните семејства и целокупниот образовен процес во државата.

Два месеци мува не ги лази Заев и СДС за ваквата катастрофална состојба и никој не сноси одговорност.

Речиси цело полугодие помина, а учебници се уште нема.

Граѓаните не видоа никаква реформа во образованието, освен укинување на екстерното оценување, сега гледаме дека суптилно ги укинуваат и бесплатните учебници за учениците. Недостатокот на 40.000 учебници значи дека семејствата ќе мораат од свој џеб да купуваат учебници или да фотокопираат само за да може нивните деца да се образуваат.

СДС со својата неспособност и неодговорност го враќа образованието полека но сигурно во мрачното време на транзицијата, кога почетокот на учебната година беше стрес за секој родител кој мораше да го исцеди својот семеен буџет за да му обезбеди на детето елементарни услови за школување.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш владата да одвои дел од стотиците милиони евра со кои секојдневно ја задолжува државата за да се обезбедат 40.000 учебници за учениците.

За ваквата неодговорност и негрижа за образовниот процес ресорната министерка Рената Дескоска мора да сноси директна одговорност, бидејќи Таа е должна да ги решава проблемите во образованието. Тоа што нејзините деца учат во приватни училишта, како што известија медиумите, не е изговор за непознавањето на состојбите кои во последните два-три месеци владеат во училиштата низ Македонија.

Македонските ученици заслужуваат напредок и издигање на образовниот процес на ниво на европските, а не сомалиско ниво на образование какво што СДС го предизвика за само неколку месеци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените